Пријави се

Правила за учество:

  • Пријавување за учество е преку платформата Filmfreeway.com или преку испраќање на материјалите на mobifestkonkurs@gmail.com
  • Сите испратени материјали да бидат снимени со користење на мобилен телефон.
  • Снимениот материјал треба да биде оригинален и да не ги прекршува начелата на авторска сопственост.
  • Конкурсот е отворен од Јули 2017. Крајниот рок за пријавување за овогодинешниот фестивал е 20-ти октомври. Филмовите кои ќе стигнат после овој датум ќе влезат во конкуренција на Мобил Фестивал 2018
  • Времетраење на филмовите до 10 минути.
  • Сите пристигнати филмови по завршувањето на фестивалот ќе бидат достапни за јавноста на официјалната страна на фестивалот.
  • Најдобрите филмови ќе бидат прикажувани на Интернационални фестивали што се дел од мрежата на фестивали за филмови снимени на мобилен телефон и ќе бидат во официјална конкуренција на Фестивалите кои се наши партнери
  • Фестивалот има право да ги прикажува филмовите за сопствени потреби и презентации.

Начини за пријавување на конкурсот:

Снимениот материјал (видеото) или линк за download испратете ни на следниов мејл: mobifestkonkurs@gmail.com или пријавете преку Filmfreeway.com.

Категории:

Учесниците на фестивалот можат да учествуваат со филмови во било кој жанр: анимација, фикција , музичко видео, реалност, собирање на електронски вести или приказна преку фотографии.

Награди:

  • Награда за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале“
  • Награда за најинвентивен филм
  • Награда за најоригинална приказна
  • Награда за најдобра идеја
  • Награда за најдобар филм во домашната програма Млади Таленти

Објавување на резултатите:

  • Селектирани филмови снимени на мобилен телефон ќе бидат прикажани на Мобил Фестивал 2017