Прогласени најдобрите филмови на Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон ‘’Мобил Фестивал 2015’’На финалната вечер на шестото издание на Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ , која се одржа во четврток во киното “Фросина” во МКЦ, беа прогласени најдобрите филмови за 2015 година.
Жирито во состав Валентино Скендеровски, музички продуцент и професор на ЕСРА, Бесфорт Имами, камерман и Игор Ангелов – актер, за најдобар филм и добитник на наградата Ратка Илиевска-Лале, го прогласија
Филмот ‘’Extinct world’’ од авторот Борислав Станков од Бугарија. За Најиновативен филм беше прогласен филмот ” O FILM O COMECO” од Бруно Пере од Бразил, Најоригиналната приказна ја донесе филмот ” CIAO BELLA” од Петер Вадоч од Италија , додека во категоријата Најдобра идеја , за победник е прогласен филмот ”Born in 2015” од Брис Ману од Франција
Во програмата Млади таленти , за најдобар филм е прогласен филмот ”Диши Длабоко” – Група автори од СУГС Јосип Броз- Тито: Теано Кардула,Кирил Ценевски,Оливер Васевски, Ангела Лековска, Ангела Петровска, Давор Давидовиќ,Сена Анастасовска,Матеј Костовски, Ванеса Тримчевска, Елеонора Аневска, Василиј Стојановски, Соња Галевска, кој како награда ќе добијат стипендија од 3000 евра за студирање на Факултетот за Аудиовизуелни Уметности – ЕСРА . Во истата програма, филмот ”Light Bulb” на авторот Ивица Ширановиќ ја доби наградата за најдобра музика во филм , за што доби награда- курс по музика во Музичко училиште ”Enterpise”- Скопје.Како и секоја година, како дел од нашата програма за соработка, прикажуваме филмови од нашите партнер фестивали. Голема благодарност до Susy Botello директор на Mobil Film Festival во Сан Диего, САД, Max Schleser – директор на International Mobile Innovation Screening (MINA), Нов Зеланд, David Cornado Bahamontes директор на CINEPHONE, Барселона, Шпанија, Абид Бели ко основач на Pocket Cinema Festival во Пакистан и многу други наши партнери фестивали
Шестото издание на Интернационалниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал 2015 се одржува од 20-ти до 26-ти ноември во Скопје.
Програма
20-ти ноември во 12.30 часот- Едукативен центар во Зоолошка градина, Скопје предавање на тема ‘’120 ГОДИНИ ФИЛМ– Ретроспектива на седмата уметност’’ со Димитар Банов
21-ви ноември во 12 часот –Кино Фросина-Младински Културен Центар ,Скопје
Проекции на анимирани филмови синхронизирани на Македонски јазик: ‘’Големата Авантура на Пим и Пом’’ и ’’ Детето Фантом’’
24-ти ноември од 14.00 часот – Кинотека на Македонија, Скопје
Работилница на тема: ‘’Организација на тим’’ со предавачите Петар Лазаров, тим лидер, Горан Петровски, бумер и асистентот Бурим Муслиу,продукциски дизајнер, и проекција на тинејџерскиот филм ‘’Созревањето на Ева Ван Енд’’
25-ти ноември од 14.00 часот- Кинотека на Македонија, Скопје
Работилница на тема: ‘’Направи сам филм ‘’ водена од предавачите,продуцентот и професор по продукција на ЕСРА, Владимир Стојчевски и професорот на ЕСРА по анимација Крсте Господиновски, и асистент-предавач Весна Ристовска-режисер .
26-ти ноември од 20.00 часот- Кино Фросина, Младински Културен Центар, Скопје
Финална вечер на Шестото издание на Интернационалниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал 2015 Прогласување на победниците и доделување награди.
Конкурсот за пријавување на филмови за шестото издание на „Мобил Фестивал“ заврши.
Од пристигнатите филмови, жирито во состав: Валентино Скендеровски, музички продуцент и професор на ЕСРА, Бесфорт Имами, кинематографер и Игор Ангелов – актер, ќе ги изберат најдобрите филмови во следните категории:

  • Најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“
  • Најиновативен филм
  • Најоригинална приказна
  • Најдобра идеја
  • Најдобар филм во програмата Млади таленти
  • Најдобра музика во филм во програмата Млади таленти

Наградите ќе бидат доделени на завршната вечер која ќе се одржи во МКЦ, во кино Фросина, на 26ти ноември, со почеток во 20 часот.

Отворен повик за пријавување филмови за “Мобил Фестивал 2016″Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон ‘’ Мобил Фестивал’’ објавува отворен повик за пријавување филмови за шестото издание, кое ќе се одржува од 25-ти до 29 ноември 2015 во Скопје. Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон, а истите претходно не биле пријавени на ‘’ Мобил Фестивал’’ Должината на снимениот материјал не смее да биде подолг од 10 минути. Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување.Краен рок за пријавување на филмовите е 20 ноември 2015 година. Филмовите кои ќе пристигна по крајниот рок ќе влезат во конкуренција за следната година. Филмовите можете да ги пријавите преку следниот ЛИНКСелектираните филмови ќе влезат во конкуренција за следните награди:

  • Награда за Најдобар Филм ‘’ Ратка Илиевска- Лале’,
  • Награда за најинвентивен филм
  • Награда за најоригинална приказна
  • Награда за најдобра идеаи
  • Награда за најдобар филм во домашната програма Млади Таленти
  • Награда за музика во филм од домашната програма Млади Таленти
  • Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на Интернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телофон.

“Мобил Фестивал” е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.