Правила за учество:

Пријавување за учество е преку платформата Filmfreeway.com или преку испраќање на материјалите на mobifestkonkurs@gmail.com

Сите испратени материјали да бидат снимени со користење на мобилен телефон.

Снимениот материјал треба да биде оригинален и да не ги прекршува начелата на авторска сопственост.

Конкурсот е отворен од Јули 2019. Крајниот рок за пријавување за овогодинешниот фестивал е 20-ти октомври. Филмовите кои ќе стигнат после овој датум ќе влезат во конкуренција на Мобил Фестивал 2019

Времетраење на филмовите до 10 минути.

Сите пристигнати филмови по завршувањето на фестивалот ќе бидат достапни за јавноста на официјалната страна на фестивалот.

Најдобрите филмови ќе бидат прикажувани на Интернационални фестивали што се дел од мрежата на фестивали за филмови снимени на мобилен телефон и ќе бидат во официјална конкуренција на Фестивалите кои се наши партнери

Фестивалот има право да ги прикажува филмовите за сопствени потреби и презентации.

Начини за пријавување на конкурсот:

Снимениот материјал (видеото) или линк за download испратете ни на следниов мејл: mobifestkonkurs@gmail.com или пријавете преку Filmfreeway.com.

Категории:

Учесниците на фестивалот можат да учествуваат со филмови во било кој жанр: анимација, фикција , музичко видео, реалност, собирање на електронски вести или приказна преку фотографии.

 

Награди:

Награда за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале“

Награда за најинвентивен филм

Награда за најоригинална приказна

Награда за најдобра идеја

Награда за најдобар филм во домашната програма Млади Таленти

Објавување на резултатите:

Селектирани филмови снимени на мобилен телефон ќе бидат прикажани на Мобил Фестивал 2019