Вести

Работилница „Преку апликација до стоп анимација“

Работилница „Преку апликација до стоп анимација“ Датум: 22.11.2016

Локација: Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје

Ако ги споредиме фантастичните креативни работи што можете да ги направите во вашето слободно време, стоп анимациите се веројатно најдобрите. Неописливо е чувството, подеднакво и за децата и за возрасните, да им се вдахне живот на неживите објекти. Можеме слободно да кажеме дека станува звор за магија. Правењето стоп анимација никогаш не било полесно од денес и тоа само преку апликации за вашите мобилни телефони.

Токму ваква работилница за правење стоп анимација со мобилен телефон организира „Мобил фестивал“ со аниматорот Крсте Господиновски. Роден во Скопје, Р. Македонија 1984 година. Дипломира на „Националната Ликовна Академија“ во Софија – Р. Бугарија отсек сликарство во 2006та, каде и магистрира во 2008ма. По дипломирањето работи на неколку анимирани филмови и рекламни спотови. Од 2009-та е назначен за доцент и раководител на катедрата за анимација на „Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА“ а од 2015 и на Филмската Академија при „УГД“. Се потпишува како автор на визуелните ефекти на домашни и меѓународни филмови, како „Митот за Сара“, „Деца на сонцето“, „Жената на мојот живот“, „Долу од рајот“ итн., како директор на анимација на „Кружно патување на Марето“, „Кружно патување на монахот“ итн. и како режисер на анимираниот филм „Готлиб“ и неколку други независни проекти и рекламни спотови.

[<<<]

Mobile Festival

Mobile Festival

Monday, November 20th, 2017 at 12:06am

Ги доделивме наградите на најдобрите филмови според жирито. Ви благодариме на сите што придонесовте 8.Мобил фестивал да се реализира.Продолжете да снимате филмови со вашите телефони!

Mobile Festival

Погледнете го „Земјата од иднината“ – најдобар филм на „Мобил фестивал“

fakulteti.mk

Со големо задоволство ве информираме дека 8. издание на „Мобил фестивал“ успешно заврши синоќа во Кинотеката на Македонија, со доделувањето на наградите за најдобрите филмови снимени со мобилен телефон.

7    View on Facebook

Mobile Festival

Mobile Festival

Friday, November 17th, 2017 at 10:08pm

Mobile Festival

Доделување награди на најдобрите филмови снимени со мобилен на 8. „Мобил фестивал“

republika.mk

Во Кинотеката на Македонија утревечер (18 ноември) во 20 часот ќе се одржи финалната вечер…

1    View on Facebook

Mobile Festival

Mobile Festival

Thursday, November 16th, 2017 at 4:29am

Помогнете ни да ја рашириме информацијата до сите. Споделете го настанот, добијте најмалку десет „лајка“ и добијте маичка од „Мобил фестивал“ (важи за првите 10).

Осмото издание на Мобил фестивалот ќе го крунисаме со доделување на наградите на најдобрите филмови што учествуваа на нашиот повик, од домашна и странска продукција. Освен добитниците на наградите за филм, многу изненадувања и награди обезбедивме за сите посетители кои ќе одвојат два часа во сабота да изгледаат одличен избор на кратки филмови.

Ќе бидат прикажани и видеа од работилниците реализирани во соработка со гимназијата “Никола Карев” од Скопје и С.О.С Детско село.