Вести

Холандскиот филм „Чисти раце“ во режија на Тјебо Пенинг ја доби наградата за најдобра монтажа

Холандскиот филм „Чисти раце“ во режија на Тјебо Пенинг ја доби наградата за најдобра монтажа, што ја додели програмата „Синематик“. Наградата ја добива монтажерот Филип Равое. Тричлено жири го избра најдобриот филм од понудата на европски филмови во соработка со платформата „Ај он филмс.“ Во рамките на програмата за краток филм, наградата за најдобриот филм од аспект на монтажа замина кај Владимир Радовановиќ за филмот „мирна крв“ во режија на Сенад Шахмановиќ од Црна Гора. Францускиот режисер Тиери Себан беше гостин на програмата „Синематик“ со промоција на својот прв долгометражен филм „Псевдоним“. Фестивалот „Синематик“ му врачи „Специјално признание“ за неговото прво долгометражно остварување.

Распоред на проекции:

СРЕДА 7.12.

19 ч. – Проекција на „Псевдоним“ ( Pseudonym) во режија на Тиери Себан (Франција, трилер, 1 ч. 14 мин.)

21.30 ч. – Проекција на „Лицемери“ (Pretenders) од Вало Тоомла (Естонија/Литванија/Летонија, психолошки трилер, 1 ч. 42 мин.)

ЧЕТВРТОК 8.12.

17.30 ч. – Блок кратки европски филмови избрани од повеќе од 600 филмови пристигнати на повикот за краток филм на „Мобил фестивал“ („Весела песна“ од Танос Психогиос, „Самец во Лондон“ од Ким Бејтс, „Косачот“ од Лук Морду, „Намуртено момче“ од Решан Фернандо, „Полноќната смена“ од Андреас Киријаку, „Мирна крв“ од Сенад Шахмановиќ, „20 удари“ од Димитар Димитров и „Устата на лавот“ од Алфонсо Гарсија Лопез)

19 ч. – проекција на „Чисти раце“ (Clean Hands) во режија на Тјебо Пенинг (Холандија, 1ч. 48 мин.)

21 ч. – проекција на „Заминување дома“ (Go Home) во режија на Жихан Чоуаиб (Франција, Швајцарија/Белгија/Либан, 1 ч. 38 мин.)