Филм за загадувањето „Зошто?“ на Мурат Жерка добитник на наградата „Ратка Илиевска-Лале“

Скопје, 27 ноември – Со големо задоволство Ве информираме дека 7.издание на „Мобил фестивал“ успешно заврши синоќа во Кинотеката на Македонија, со доделувањето на наградите на најдобрите филмови снимени со мобилен. Претежно млада публика, дел од нив автори на филмовите, дел љубители на филмот, ја проследи церемонијата, а имаше прилика да види и избор од филмови што пристигнаа на повикот за учество на фестивалот.
Тричлено жири ги избра најдобрите автори по пет категории. За наградите одлучуваа: Ванчо Мираковски, монтажер, Дамјана Ивановска, филмолог од Кинотеката на Македонија и Сребра Ѓорѓијевска, новинарка. Сите учесници добија благодарници.
Фестивалот годинава се одржа благодарение на поддршката од Агенцијата за филм на Република Македонија, Град Скопје, МЕПСО, Кинотеката на Македонија, Младинскиот културен центар. Исто така, голема благодарност до двата партнери на „Мобил фестивал“ – Мобилната иновативна мрежа (МИНА) и директорот Макс Шлесер и Меѓународниот филмски фестивал за филмови снимени со мобилен од Сан Диего, САД и основачот и директор Сузан Ботело.Во рамки на седмото издание беа одржани две работилници за стоп-анимација, едната за деца во соработка со фестивалот „Синедејс“, а другата во соработка со СУ „Јосип Броз Тито“. Беа прикажани и два детски филма во Кинотеката на Македонија, од германска и холандска продукција. Организатор на „Мобил фестивал“ е КТ Филм и Медиа.
Еве ја листата на наградените филмови:
Наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале“, која се состои од стипендија што ја доделува Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје
Why? – режија Мурат Жерка
ЗОШТО? е прашањето кое го поставува овој филм, а кој со својата социјална ангажираност успешно му нуди одговор на гледачот. Филмот одлично го поставува проблемот со загадувањето, денес особено актуелен, а и нуди успешен приказ на невиноста на децата и наближувањето на опасноста која се наѕира во мечето што носи гас-маска.
Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=PSmEG3ndwVs
2.Награда за најдобар филм во домашната програма „Млади Таленти“
„Рекурзија“ – режија Анастасија Стејси Точевска
„Рекурзија“ е интензивно мистично-филозофско обмислување на себепостоењето на човекот. Во облик на прашање и одговор, младиот човек изгубен среде шумата го добива „знаењето“ за себе, за своето постоење. Авторката успешно ја изведува приказната во мистичен сетинг и на гледачот му го подарува „знаењето“ што го добиваат само избраните луѓе.
3.Награда за најинвентивен филм
Sonar / „Сонар“ – група уметници од Филмската академија Баден-Виртемберг во Лудвигсбург, Германија
Мрачен, инвентивен и оригинален филм
4.Награда за најоригинална приказна
One, Two, Monologues / „Еден, Два, Монолози“ – режија Блерина Гоце од Албанија
Социјално-анагажираниот документаристички пристап на авторката искрено ја претставува бедата во која живеат цели маргинализирани семејства во Тирана
5.Награда за најдобра идеја
„Bubbles don’t Lie“ / „Меурчињата не лажат“- режија Штепан Етрих од Чешка
Одлична комедија која со добрата идеја и успешното темпо за претставување на комичните елементи нема да го остави рамнодушен гледачот.
Работилница за стоп анимација
Датум: 13.11.2016
Локација: Младински културен центар

Дел од работната атмосфера на првата работилница одржана во рамките на Мобил фестивал, посветена на најмалите љубители на подвижните слики. Заедно со аниматорот Крсте Господиновски, учеа како можат да изработат стоп-анимација со пластелин. Работилницата беше наменета за најмладите и имаше за цел да ја насочи нивната бескрајна креативност кон процесот на создавање на анимиран филм во техниката стоп анимација. Тие меѓу другото, научија како да осмислат и создадат ликови од пластелин, како да ги направат функционални за анимирање, и на крајот како да ги анимираат. Ликовите ги анимираа на претходно спремен сет за снимање-анимирање.
Раболницата се реализираше во соработка со фестивалот на европски филм „Синедејс“.
Работилница „Преку апликација до стоп анимација“ Датум: 22.11.2016
Локација: Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје

Вредните средношколци од „Јосип Броз Тито“ учеа за стоп-анимација и со помош на апликација за смарт-телефон создадоа куси видеа. Под менторство на професорките Кристина Битракова и Ангелина Дамјаноска-Наумоска, триесетина ученици од трета и од четврта година се љубопитни да дознаат повеќе за стоп-анимацијата и можноста со мобилен телефон да креираат филмско дело. Во соработка со Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје, на сите заинтересирани учесници на работилницата ќе им биде дадена стипендија за школување, која ќе подразбира намалување на трошоците за студирање за една третина, односно за 30 отсто. Нивните анимации ќе бидат прикажани на завршната вечер на фестивалот на 26 ноември во Кинотеката на Македонија.
„Преку апликација до стоп анимација“ – работилница за стоп анимација со мобилен телефон во домашни условиЛокација: Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје
Час: 11.45

Ако ги споредиме фантастичните креативни работи што можете да ги направите во вашето слободно време, стоп анимациите се веројатно најдобрите. Неописливо е чувството, подеднакво и за децата и за возрасните, да им се вдахне живот на неживите објекти. Можеме слободно да кажеме дека станува звор за магија. Правењето стоп анимација никогаш не било полесно од денес и тоа само преку апликации за вашите мобилни телефони.
Токму ваква работилница за правење стоп анимација со мобилен телефон организира „Мобил фестивал“ со аниматорот Крсте Господиновски. Роден во Скопје, Р. Македонија 1984 година. Дипломира на „Националната Ликовна Академија“ во Софија – Р. Бугарија отсек сликарство во 2006та, каде и магистрира во 2008ма. По дипломирањето работи на неколку анимирани филмови и рекламни спотови. Од 2009-та е назначен за доцент и раководител на катедрата за анимација на „Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА“ а од 2015 и на Филмската Академија при „УГД“. Се потпишува како автор на визуелните ефекти на домашни и меѓународни филмови, како „Митот за Сара“, „Деца на сонцето“, „Жената на мојот живот“, „Долу од рајот“ итн., како директор на анимација на „Кружно патување на Марето“, „Кружно патување на монахот“ итн. и како режисер на анимираниот филм „Готлиб“ и неколку други независни проекти и рекламни спотови.

 

Отворен повик за пријавување филмови за „Мобил Фестивал 2016“
Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ објавува отворен повик за пријавување филмови за седмото издание, кое ќе се одржи од 15-ти до 26 ноември во Скопје. Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон кои не се подолги од 10 минути, а истите претходно не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил Фестивал“. Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување – 20 ноември 2016 година. Филмовите можете да ги пријавите на следниот мејл mobilefestkonkurs@gmail.com.
Селектираните филмови ќе влезат во конкуренција за следните награди:
-Награда за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале“,
-Награда за најинвентивен филм
-Награда за најоригинална приказна
-Награда за најдобра идеја
-Награда за најдобар филм во домашната програма Млади Таленти
Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на Интернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телефон, а се во партнерство со „Мобил Фестивал“.
Организатор на „Мобил Фестивал“ е продуцентската куќа „КТ Филм и Медиа“. Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и од градот Скопје, а главен покровител годинава е „МЕПСО“ АД – Скопје.
   View on Facebook
   View on Facebook
Mobile Festival
Mobile FestivalTuesday, December 6th, 2016 at 8:42pm
   View on Facebook
Mobile Festival
Mobile FestivalWednesday, November 30th, 2016 at 12:17am
1    View on Facebook
Mobile Festival
Mobile FestivalMonday, November 28th, 2016 at 8:46pm
   View on Facebook